Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс може да се врати во тимот против Бостон на 19 ноември, објави на Твитер инсајдерот на „Еспн“ Адријан Војнаровски.

Триесет и шестгодишниот кошаркар пропушти две недели поради истегнување на стомачниот мускул. Леброн Џејмс оваа сезона одигра шест натпревари.

Лејкерси ја започнуваат серијата од пет натпревари на гости на 17 ноември, во кои тимот ќе се соочи со Милвоки (18 ноември), Бостон (20 ноември), Детроит (22 ноември), Њујорк (24 ноември) и Индијана (25 ноември).

Тимот од Лос Анџелес се наоѓа на седмото место во поредокот на Западната конференција во НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2021 00:53