Најдобриот кошаркар на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо му помогна на тимот да ја прекине серијата од два порази и да слави во дербито со Лејкерси (109:102).

Адетокумбо постигна 47 поени, девет скока и три асистенции на средбата одиграна ноќеска во Милвоки.

Актуелниот МВП на финалната серија, за 36 минути реализира 18 од 23 од поле и 8 од 11 од линија за слободни фрлања.

За Милвоки ова беше седма победа во 15 натпревар од тековната НБА-сезона за во моментов 11. место во Источната конференција.

Лос Анџелес лејкерс имаат биланс осум победи и осум порази и се наоѓаат на 8. место во Западната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2021 11:42