Тренерот на Голден стејт, Стив Кер сподели информација во врска со претстојното враќање на терените на Клеј Томпсон.

– Клеј изгледа одлично, сè што треба да направи е да стекне сила и особено издржливост. Потребно е само време. Немаме рок. Мислам дека за неколку недели ќе можеме да го одредиме датумот на неговото враќање. Добро шутира, но брзо се заморува, информира Кер.

Томпсон ја пропушти целата сезона 2019/20 поради кинење на предните вкрстени лигаменти, што го заработи за време на шестиот натпревар од финалето на плејофот 2019 година.

Тој, исто така, ја пропушти сезоната 2020/21 поради кинење на Ахиловата тетива за време на вонсезонскиот тренинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2021 11:14