По ангажирањето на Владимир Мирковски за нов тренер, македонскиот кошаркарски прволигаш Куманово донесе засилување и во играчкиот кадар, потпишувајќи договор со Американецот Декуан Абром.

Новото американско засилување во редовите на Куманово е 25-годишен плејмејкер (188 сантиметри), кој доаѓа во македонското првенство од редовите на бугарскиот прволигаш Берое.

Абром во дресот на Берое во регионалната БИБЛ-лига имаше просек од 23,6 минути на паркетот со ефект од 11,8 поени по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2021 12:51