Во дерби натпреварот на двете водечки екипи во НБА лигата одигран во Феникс, кошаркарите на „Санс“ го совладаа на домашен терен Голден Стејт со 104-96 и со тоа се израмнија на врвот на табелата со ефект од 18-3.

За Феникс ова беше 17 победа во серија со која го израмнија клупскиот рекорд, а до триумфот стигнаа предводени од Деандре Ејтон, кој запиша 24 поени и 11 скокови. Најдобриот играч на Феникс, Девин Букер, мина на паркетот само 15 минути поради повреда на бутниот мускул.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу вторникот и среда:

Феникс – Голден Стејт 104-96

Бруклин – Њујорк 112-110

Торонто 0 Мемфис 91-98

Сакраменто – ЛА Лејкерс 92-117

Портланд – Детроит 110-90.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2021 13:19