Кошаркарите на Мемфис забележаа рекордна победа во историјата на НБА лигата со триумфот над Оклахома од дури 73 поени разлика (152:79).

Мемфис во текот на синоќешниот натпревар имаше и 78 поени предност, а на крајот заврши со „само“ 73 кошеви разлика.

Досегашниот рекорд беше во рацете на кошаркарите на Кливленд, кои во ноември 1991 година го совладаа Мајами со 68 поени разлика (148:80).

Дури девет кошаркари на Мемфис забележаа двоцифрен ефект во триумфот над Оклахома, а најефикасни беа Џарен Џексон (27 поени) и Дентони Мелтон (19).

– Прекрасно е чувството да се биде во историските книги, особено пред нашата домашна публика, изјави Мелтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2021 11:25