Хорст Екел, последниот преживеан член на германската фудбалска репрезентација, која во 1954 година ја освои титулата светски првак, почина во петокот на 89-годишна возраст, објави Германската фудбалска федерација.

Поранешниот фудбалер на Кајзерслаутерн беше најмладиот во германската екипа која во финалето на Мундијалот во Швајцарија го совлада фаворитот за титулата Унгарија со 3-2.

Екел минатата недела влезе во Куќата на славни во Музејот на фудбалот во Дортмунд заедно со великаните на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сеп Маер и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2021 14:17