Екипите на Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ги одиграат натпреварите од десеттото првенствено коло. Оваа измена во календарот е поради тоа што истите следната седмица ќе бидат дел од „балонот“ во АБА 2 лигата кој ќе се игра во Сараево.
Лидерот на првенствената табела, Пелистер, ќе има сериозен предизвик во дуелот кој од 18:30 часот ќе го играат на домашен терен против екипата на Гостивар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје, вечерва од 19 часот ќе ги измери силите против екипата на Феникс 2010 во СЦ „Јане Сандански“.
Два меча од 10-то коло ќе се играат во сабота, уште толку во неделниот термин.
Сабота
17:30 Кожув – Ангели 18:00 Еуро Никел 2005 – Работнички
Недела
18:00 Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка 19:00 Навико Академија ФМП – ТФТ