Раководството на НБА лигата ги одложи следните два натпревари на екипата на Чикаго Булс поради голем број заразени кошаркари со Ковид-19.
Клубот соопшти дека заразени се вкупно десет кошаркари, поради што НБА ги прифати барањето на Чикаго да ги одложи дуелите против Детроит и Торонто, кои требаше да се одиграат во текот на оваа недела.
– Натпреварите се одложени бидејќи десет играчи на Булс, како и членови на клупскиот персонал, се под здравствени и безбедносни протоколи, соопшти НБА лигата.
Ова е прв пат сезонава НБА поради коронавирус да донесе одлука за промена на распоредот на натпревари.