Доколку нешто непредвидено не се случи, кошаркарот на Голден Стејт, Стив Кари, вечерва ќе стане апсолутен рекордер според постигнати тројки во историјата на НБА лигата, на гостувањето со својот тим против Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“,
Кари во вчерашниот триумф на Голден Стејт на гостински терен над Индијана (102:100) погоди пет тројки и стигна до бројката од 2.972, една помалку од легендарниот Реј Ален, кој кариерата ја заврши со рекордни 2.973 погодени тројки на 1/300 натпревари во регуларниот дел од сезоната.
Кари дојде на чекор до рекордот на Ален со само 788 одиграни натпревари.