Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, ги сумираше впачатоците по вториот неуспех на неговите кошаркари на „балонот“ во Сараево и синоќешниот пораз (86:101(од лидерот во АБА 2 лигата Борац од Бања Лука.
– Дојдовме во овој „балон“ со скратена ротација, а Хотон и Караџовски ни се повредија на првиот натпревар против Широки. Противникот по транзиција и по наши загубени топки, се одлепи. Сакам да му честитам на ривалот за победата, а на моите играчи да им посакам што побрзо да се вратат во полн ритам на терен, изјави Илиевски.
Актуелниот лидер во македонско кошаркарско првенство остана на една победа во регионалната лига по шест натпревари, пред третиот и последен дуел на „балонот“ во Сараево, в сабота од 12. часот, против Златибор.
Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром вечерва со почеток од 21. часот ќе ги одмери силите со домаќинот на турнирот, екипата на Спарс.