Македонската кошаркарска федерација ја продолжува традицијата на прогласување на најдобрите на крајот на годината.

На свеченоста закажана за вечерва, 19 часот и 30 минути,во хотелот „Лимак” Скопје, најуспешните годинава ќе ги добијат заслужените признанија.

– Ќе бидат прогласени вкупно 17 добитници на годинашните награди и тоа: најдобар кошаркар и кошаркарка, најдобар млад кошаркар и млада кошаркарка, најдобра машка екипа и женска сениорска екипа, најдобра машка екипа и женска екипа во младински лиги, најдобар тренер на машка екипа и женска сениорска екипа, најдобар тренер на машка и на женска екипа во младински лиги, најдобар играч и екипа во 3 на 3, најдобар кошаркарски судија, најдобар македонски кошаркар во странство и најдобра младинска репрезентативна селекција, информираат од КФСМ.

Федерацијата подготви посебни плакети и за бројните соработници што помогнале во реализацијата на плановите за оваа календарска година, а свое место на церемонијата ќе си најде и славната генерација од Европското првенство во Литванија, 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2021 16:26