Македонската кошаркарска федерација вечерва на пригодна свеченост во скопскиот хотел „Лимак“ ги награди најдобрите во кошаркарскиот спорт за 2021 година.

Признанието во женска конкуренција го освои Анџелика Митрашиновиќ, додека за најдобар македонски кошаркар за годината што изминува е прогласен Андреј Магдевски.

Најдобра женска младинска екипа за 2021 – Бадел 1862

Најдобра машка младинска екипа за 2021 – Работнички

Најдобар тренер на женска младинска екипа – Анета Глигорова) Бадел 1862)

Најдобар тренер на машка младинска екипа – Андреј Апостолски Лечиќ (Работнички)

Најдобра млада кошаркарка за 2021 – Михаела Алексовска (ЖКК Крива Паланка)

Најдобар млад кошаркарк за 2021 – Теодор Симиќ) Барселона)

Најдобра младинска репрезентација за 2021 – Женска кадетска репрезентација „под 16 “ години

Мајдобар македонски репрезент во странство за 2021 – Емил Рајковиќ) Автодор)

Најдобра екипа во 3×3 за 2021 – „Кино Влае“ – Скопје

Најдобар играч во 3×3 за 2021 – Ервин Цого („Кино Влае“)

Најдобар судија за 2021 – Игор Митровски

Најдобра женска сениорска екипа за 2021 – Баскет КАМ 2011

Најдобра машка сениорска екипа за 2021 – МЗТ Скопје Аеродром

Најдобар тренер во женска сениорска екипа за 2021 – Александар Ашаданов) Баскет КАМ 2011)

Најдобар тренер во машка сениорска екипа за 2021 – Горан Самарџиев (Еуро Никел 2005).

Најдобра кошаркарка за 2021 – Анџелика Митрашиновиќ (Баскет КАМ 2011/Гарбес)

Најдобар кошаркар за 2021 – Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром/Плоешти).

Македонската кошаркарска федерација додели и посебно признание за промоција на инклузивно спортување на лицата со попреченост на Специјална Олимпијада на Македонија предводена од Дарко Крстиќ и Драган Караџовски, заедно со петте атлети: Мирослав Георгиевски, Виктор Бошковски, Јане Никодиновски, Адо Дупљак и Горјан Стојковски.

Постхумно, Федерацијата им додели плакети на членовите на семејствата на кошаркарските работници за исклучителни постигнувања во кошаркарскиот спорт: Благоја Георгиевски – Буштур, Марјан Лазовски, Драган Василов – Цевка, Војислав Зивчевиќ и Анте Дуковски.

Посебни благодарници добија и соработниците на федерацијата во изминатиот временски период: Македонски Олимписки Комитет, Агенција за Млади и Спорт, Кодинг Горска, Триглав Осигурување АД, ОКТА, ПЗУ Жан Митрев, „Кигили“, Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје, Противпожарен сојуз на Македонија и МРТ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2021 03:00