Македонската кошарка денеска остана без уште едно познато име. Почина Сашо Лазаров, човекот кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани.

Долги години „Чапо“ беше дел од екипата на Кочани Деликатес, од најславните денови на клубот кој беше на врвот на македонската кошарка.

– Смртта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино, објави на својот фејсбук-профил Кошаркарската федерација на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2021 13:53