Македонската кошаркарска федерација денеска ги одреди двојките од четвртфиналето во националниот куп „Благоја Георгиевски -Буштур“, откако вчера беше комплетиран првиот дел од натпреварите во Првата лига.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одбраната на титулата во националниот куп ќе го почнат против екипата на Гостивар, додека актуелниот лидер и единствената досега непоразена екипа во првенството, битолски Пелистер, ќе игра против ТФТ Скопје. Преостанатите четвртфинални двојки ги сочинуваат Работнички – Феникс и Академија ФМП – Еуро Никел.

Завршниот фајналфор ќе се одржи во февруари, а домаќинот ќе биде одреден дополнително.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2021 15:17