Кошаркарот на Лос Анеџелес лејкерс, Леброн Џејмс надмина 36 000 поени во кариерата. Триесет и шестгодишниот Американец стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата со вакво достигнување.

Првата ѕвезда на Лејкерс, ноќеска на гостувањето кај Хјустон постигна 32 поена, 11 скокови и 11 асистенции и со “трипл-дабл“ ефект го предводеше својот тим до победата со 132:123.

Џејмс е рангиран на третото место во листата на најдобри стрелци во НБА. Пред него се Карим Абдул-Џабар со 38 387 поени и Карл Мелоун со 36 928 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2021 11:59