Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, постигна девет поени на натпреварот против Мајами одигран ноќта понеделник кон вторник во Сан Франциско.

Така, Кари не успеаја да ја продолжи својата серија на 100, во која постигна двоцифрен број поени. Тој имаше катастрофална реализација реализираше 3 од 17 од поле и 1 од 10 за три поени. Серијата вклучуваше натпревари од регуларна сезона, плеј-оф и плеј-ин сегментот.

И покрај лошиот ефект на Кари, домашниот тим го доби натпреварот со 115:108.

Голден стејт е лидер на табелата во Западната конференција од НБА-лигата со 28 победи и седум порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2022 12:52