Раководството на кошаркарската Евролига одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре, поради зголемениот број заразени со коронавирус во екипите.

За четврток беа закани натпреварите Црвена ѕвезда – Фенербахче, Алба – Панатинаикос, Макаби – Басконија и Реал Мадрид – Уникс, додека в петок требаше да се одиграат уште четири дуели, ЦСКА Москва – Барселона, Ефес – Баерн Минхен, Жалгирис – Олимпијакос и Асвел – Монако.

Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е меѓу Милано и Зенит.

Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложени натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2022 04:14