Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг го имаше својот прв настап оваа НБА-сезона. Тој ноќеска на средбата со Индијана (129:121) се најде во почетната постава на Бруклин и за 32 минути постигна 22 поени и четири асистенции.
– Многу сум благодарен за оваа можност повторно да бидам со тимот, да одам на кошаркарскиот терен и да се забавувам правејќи го она што го сакам, изјави Ирвинг по натпреварот.
По завршувањето на средбата играчот му го подари дресот на својот татко.