Кошаркарот на Голден стејт, Клеј Томпсон ги сподели своите впечатоци од натпреварот против Кливленд, кој беше негов прв од 2019 година.

Клеј, се најде во почетната петорка и натпреварот го заврши со 17 поени, три скока, една асистенција и еден блок за 20 минути.

– Многу ми е драго што се враќам и повторно го работам она што толку многу го сакам. Многу сум задоволен, одлично искуство. Денеска спиев нормално. Благодарам на навивачите за овациите во салата. Ова е нешто посебно. Никогаш нема да ја заборавам оваа вечер. Дали изгледав добро во одбраната? Секоја недела ќе додавам во мојата подготвеност и форма. Отсекогаш ми се допаѓаше да бидам двонасочен играч… Мило ми е што се враќам во ритам. Последните две години покажаа дека сето тоа има висока цена. Многу сум благодарен за оваа можност, изјави Томпсон веднаш по натпреварот.

Голден стејт победи со 96:82 и сега има биланс од 30 добиени и девет загубени натпревари за лидерска позиција на табелата во Западната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/01/2022 13:19