Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Расел Вестбрук, се произнесе за нискиот процент на реализација на последните натпревари.

Во поразот од Сакраменто (116:125), Вестбрук има погодени 2 од 14 шутови од поле, додека на последните три средби има само 8 од 40 прецизни удари кон противничкиот кош.

Расел не се согласи со новинарот, кој оцени дека играчот е во криза.

– Мислам дека тоа не може да се нарече криза. Ќе се справам со ситуацијата, тоа е сè.

Вестбрук поддршка доби и од првата ѕвезда на Лејкерси, Леброн Џејмс.

– Се надевам дека ќе продолжи напорно да работи и дека ќе се врати во препознатливата за него форма.

Лејкерс по 42 натпревара имаат по 21 победа и пораз и се наоѓаат на 8. место во Западната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2022 12:06