Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурант има истегнување на медијалните странични лигаменти на левото колено. Според прелиминарните прогнози на медицинскиот персонал на клубот од Њујорк, тој ќе пропушти 4-6 недели поради повредата, објави „ЕСПН“.

Дурант го повреди коленото во втората четвртина од натпреварот против Њу Орлеанс (120:105), по судир со соиграч. Во текот на денешниот ден на кошаркарот му беше направена магнетна резонанца по што се дозна за природата на повредата.

Бруклин го доби натпреварот со Њу Орлеанс, а Дурант до моментот на повредата имаше постигнато 12 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2022 02:02