Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер, постигна трипл-дабл ноќеска н натпреварот против Торонто (104:99). Батлер за 36 минути постигна 19 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Ова беше деветти троен ефект за Батлер настапувајќи за Хит.

Тој се израмни со поранешната ѕвезда на Мајами, Леброн Џејмс достигнувајќи го клупскиот рекорд во натпреварите од регуларниот дел од сезоната.

Тимот од Флорида по 44 натпревари има 28 победи, и 16 порази за во моментов второ место во Источната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2022 11:37