Еден од најдобрите кошаркари на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг, влезе во вербална расправија со навивачите на Кавалирс за време на вчерашниот натпревар во Кливленд.
Играчот на Нетс не можеше да одолее и одговори на непријатните извици од трибините на негова адреса.
Јас ви го донесов трофејот, а вие губитниците сè уште сте неблагодарни, возврати Ирвинг. Тој за Кливленд кавалирс постигна тројка за изедначување во натпреварот 7 од финалето во 2016 година против Голден стејт, по што Кливленд го освои првото НБА првенство во клупската историја.