Евролигата ја демантираше информацијата за евентуален трансфер на фајналфорот од Берлин.

– Во моментов, фајналфор натпреварите, како што беше најавено во јули минатата година, треба да се играат во Берлин соопшти, прес службата на елитното кошаркарско натпреварување.

Претходно српското издание „Mozzart Sport“ објави дека фајналфорот ќе биде преместен од Берлин во Белград.

Турнирот ќе се одржи од 27 до 29 мај во „Мерцедес-Бенц арената“, која собира 14 500 гледачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2022 15:47