Центарот Филаделфија, Џоел Ембиид, одговарајќи на прашање за неговите шанси да ја освои наградата МВП оваа сезона, ги замоли новинарите да не брзаат со работите.

– Сè уште е рано да се зборува за тоа. Здравјето отсекогаш било одлучувачки фактор за мене. Сигурен сум дека лани, ако одиграв уште 10 натпревари, ќе станев МВП – со оглед на позицијата на тимот и мојата статистика. Многу работи веќе се случија оваа сезона, а ние треба да играме без нашиот втор најдобар кошаркар, така што има уште многу работа.

Секогаш се трудам да играм најдобро што можам и тоа е нивото на најдобриот играч во светот. За тимот да продолжи да победува, јас треба да бидам таков играч на секој натпревар, изјави Ембид.

Лидерот на Сиксерси оваа сезона има просек од 28,4 поени, 10,6 скока и 4,2 асистенции по натпревар.

Филаделфија со биланс 26 победи и 19 порази се наоѓа на 6. место во Источната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2022 14:25