Поранешниот играч на МЗT Скопје Аеродром, Филип Ѓоревски (36), е назначен денеска за нов генерален извршен директор на актуелниот македонски кошаркарски шампион.
Ѓоревски настапуваше за МЗТ Скопје пред 15-тина години, а потоа неколку години беше и главен координатор на младинската школа на екипата од Аеродром.
Во својата кариера настапуваше и за Вардар Осигурување, Карпош Соколи, Фаворити и Тоа сум јас, а изминатиов период, е меѓу творците на проектот Академија ФМП, кој од второлигаш дојде до епитетот најпријатно изненадување во актуелнава сезона.
Ѓоревски доаѓа на местото на Тони Грнчаров, кој изминативе четири години беше во улога на предводник на МЗТ Скопје Аеродром.