НБА-лигашот Атланта ги објави условите под кои би се согласиле за отстапување на нејзиниот кошаркар Џон Колинс.

Според инсајдерот на „Bleacher Report“, Џејк Фишер, Хокс сметаат на пик од првата рунда на драфтот и играч на ниво на стартер во можниот договор за Колинс.

Претходно беше објавено дека Колинс не е задоволен од падот на играчката улога во Атланта, а клубот е подготвен да го размени 24-годишниот кошаркар.

Колинс оваа сезона има просек од 16,8 поени и 7,9 скока по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2022 06:53