Предводени од извонредниот Крис Пол кој забележа 20 поени, 19 асистенции и осум скока, Феникс санс рано утрово го совладаа Сан Антонио спарс со 115:110.
„Сонцата“ се првиот тим кој успеал да забележи 40 победи во тековната сезона.
До триумфот Феникс дојде со пресврт во последната четвртина, откако во еден момент Спарс имаа предност од 11 поени.
Феникс е лидер на Западот со 40 победи и девет порази, Голден стејт има биланс 37-13, трет е Мемфис со 35-17.
Во Источната конференција води Мајами со ефект 32-18 (победи-порази), пред Чикаго 31-18, Филаделфија 30-19, Кливленд 30-20,…