Во продолжението од квалификациите за пласман на Светскиот куп 2023, македонската кошаркарска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен.

Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27 февруари, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

– Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за Мундијалот 2023. Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24 февруари во Тбилиси), ќе започне од 20 часот, соопштија од кошаркарската федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2022 15:40