Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс ја продолжија победничката серија во пресметките со Лос Анџелес лејкерс и ја забележаа петтата победа во низа над градскиот ривал, триумфирајќи синоќа во неизвесен натпревар на домашен терен со 111-110.
Во последните 63 секунди од натпреварот двете екипи дури пет пати се менуваа во водство, за на крајот победата на „Клиперси“ да им ја обезбеди Реџи Џексон со реализација на четири секунди пред звукот на сирената.
Триумф на домашен терен синоќа забележа и Атланта, која предводена од Тре Јанг (43 поени) ја прекина серијата од 11 победи во низа на Феникс, совладувајќи го со 124-115.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:
Сан Антонио – Мајами 95-112
Детроит – Минесота 117-128
Торонто – Чикаго 127-120 (по продолжение)
Атланта – Феникс 124-115
Голден Стејт – Сакраменто 126-114
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 111-110.