Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува да блеска во тимот на Вашингтон стејт во НЦАА лигата. Тој игра одлично од почетокот на сезоната и се наметнува како лидер на својот тим во кој е најефикасен со најголем процент на реализација во шутот за три поени.
Инаку, на минатиот меч кој Вашингтон го одигра на гости кај Калифорнија, Јакимовски имаше голема поддршка од трибините. Имено, семејството Ѓоргиевски од Крива Паланка кои престојуваат кај фамилијата на нивната ќерка Ивана Стеинбах, во Калифорнија, САД беа најверни навивачи и поддржувачи на нашиот репрезентативец.
Инаку, во овој момент, Јакимовски е најдобар стрелец за три поени во цела НЦАА (1 дивизија) според процентот на уфрлени тројки кога станува збор за европските кошаркари во ова натпреварување. Досега погоди 30 од вкупно 67 обиди или 45% што е фантастичен ефект за македонскиот репрезентативец.