Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром попладнево го претрпи вториот пораз во регионалната АБА 2 лига. Поуспешни од „сино-белите“ беа кошаркарите на Сутјеска кои славеа победа со 56:55.

Неуспешно деби во тимот на МЗТ имаше Војдан Стојановски кој за 25 минути поминати на теренот не се запиша во листата на стрелците. Другиот нов играч, Морис Кари реализираше пет поени за 17 минути игра.

Најефикасни во таборот на „аеродромци“ беа Немања Милошевиќ со 15 и Адем Мекиќ со 11 поени. Мекиќ во самиот финиш промаши две слободни фрлања, а во следниот напад црногорскиот тим постигна два поена за конечна победа.

По осум одиграни натпревари МЗТ Скопје Аеродром е втор на табелата со биланс (6-2 победи-порази), Сутјеска е на 4. место со пет победи и три порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2022 03:36