Кошаркарите на Пелистер со пораз го завршија настапот на турнирот во Бања Лука во рамки на регионлната АБА 2 лига, откако попладнево загубија од Подгорица со 79:67.
Малешевиќ со 17 и Николиќ со 11 поени беа најефикасни во редовите на битолскиот состав, кој по десет одиграни кола има ефект од две победи и осум порази.
Вториот македонски претставник во АБА 2, МЗТ Скопје Аеродром, завршниот настап на турнирот во Бања Лука ќе го имаат утре против новосадска Војводина.