Новиот кошаркар во редовите на Филаделфија, Џејмс Харден, ќе го пропушти претстојниот НБА Ол-стар натпревар поради повреда на тетивата на левото колено.
Од неговиот клуб соопштија денеска дека Харден пред себе има уште најмалку една недела рехабилитација за целосно да ја залечи повредата што значи дека дури на крајот од овој месец ќе може да дебитира за Филаделфија.
Харден заедно со Пол Милсап минатата недела преминаа од Бруклин во Филаделфија, како дел од размената на играчи со која во обратна насока заминаа Бен Симонс, Сет Кари и Андре Друмонд.
Комесарот на НБА лигата Адам Силвер сега треба да одлучи кој ќе го замени Харден за натпреварот кој ќе се одигра ноќта меѓу недела и понеделник во Кливленд, со почетокот во 02:00 часот по средноевропско време.