Tренерот на Милвоки бакс, Мајк Буденхолцер, соопшти дека најголемата ѕвезда на тимот, Јанис Адетокунбо го пропушти натпреварот против Портланд одигран ноќеска поради повреда на скочниот зглоб.

Милвоки загуби со 107:122 по лошата втора четвртина во која прими 40 поени, а даде 24.

– Јанис не беше подготвен да игра денес. Генерално повредата не е сериозна, да видиме како ќе се чувствува деновиве. Мислам дека ќе наскоро ќе се врати на теренот, информира Буденхолцер.

Дваесет и седумгодишниот Адетокунбо е двократен МВП во НБА-лигата. Во тековната сезона настапи на 47 натпревари со просек по натпревар 29 поени, шест асистенции и 11,2 скока.

Утре Милвоки ќе игра против Индијана.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2022 12:31