Кошаркарот на Кливленд, Џарет Ален, ќе го замени повредениот играч на Филаделфија, Џејмс Харден, во „Тимот Леброн“ на Ол-стар натпреварот на 20 февруари, објави денеска раководството на НБА.

Харден кој минатата недела беше разменет меѓу Бруклин и Филаделфија се рехабилитира од повреда на тетивата на левото колено.

Ален за прв пат во кариерата ќе настапи на Ол-стар завршницата, која годинава ќе се одигра во Кливленд, а кошаркарот сезонава има просек од 6.2 поени, 11.1 скокови, и 1.35 блокади по натпревар.

Во својата петта НБА сезона, 23 – годишниот Ален е на деветто место според бројот на скокови и на 13. место според ројот на блокади.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 05:41