Селекторот Драган Бајиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета во февруарскиот циклус од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023.

Во вториот дел од квалификациите, македонската машка сениорска репрезентација ќе одигра два натпревари.

На 24 февруари, во Тбилиси, селекцијата на Грузија ќе го пречека нашиот најдобар состав.

На 27 февруари, во рамките од четвртото коло од квалификациските натпревари во групата „Г“, во салата на А1 Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе бидеме домаќини на Грузијците.

Потсетување дека нашите најдобри кошаркари стартуваа со два порази од Шпанија дома и Украина на гости.

ПОШИРОК СПИСОК НА 24 КОШАРКАРИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦОТ“ ВО ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА –

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром) Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром) Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка) Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка) Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Бобан Стајиќ (Пелистер) Стојан Ѓуроски (Пелистер) Виктор Ефремовски (Гостивар) Андреј Маслинко (ТФТ) Андреј Митревски (Феникс 2010)

Амар Хот (Феникс 2010) Павел Данаиловски (Работнички) Валмир Какруки (Работнички) Андреј Магдевски (АСУ Плоешти-Романија) Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија) Џејкоб Вајли (Реал Бетис-Шпанија) Лука Савиќевиќ (Источен Мичиген-САД) Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 06:18