Засилувањето на Бруклин нетс, Бен Симонс, со нетрпение очекува да заигра заедно со Кевин Дурант и кајри Ирвинг.

Тој е уверен дека петорката, во која ќе бидат тројцата ќе доминира на теренот.

– Мислам дека ќе биде страшно. Заедно со овие момци, ќе бидеме различно видови оружје опасно за сите екипи. Со оглед на темпото со кое сакаме да играме, ова ќе биде нереална кошарка. Имав тежок период изминатите шест месеци. Среќен сум што сум во ваква ситуација со овој тим, изјави Симонс.

Тој во Бруклин доаѓа од Филаделфија по трејдот на двете екипи. Во обратен правец замина Џејмс Харден.

Бруклин со б ланс 30 победи и 27 порази се наоѓа на осмата позиција во Источната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 12:43