Тренерот на Филаделфија, Док Риверс се надева дека неговиот тим ќе може да се бори за шампионската титула во НБА-лигата оваа сезона. Пред истекот на рокот за размена, клубот потпиша со Џејмс Харден.

– Мислам дека дојде време тоа да го направиме сега. Долго време сум во оваа лига. Секогаш се сеќавам на шампионскиот Бостон од 2008 година. Знам дека имаме малку време, дека нема да биде лесно да го достигнеме врвното ниво за кратко време. Но, ние треба да се бориме за титулата токму сега, изјави Риверс.

Филаделфија по 58 одиграни натпревари во НБА-лигата оваа сезона има 35 победи и 23 порази и се наоѓа на 4. место во Источната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2022 16:11