Екипата на ТФТ е првиот финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во првото полуфинале ја совлада Академија ФМП Навико со 94:72.

Ова е прво финале во историјата за ТФТ. Екипата од скопската населба Тафталиџе се покажа како подобра од онаа кој функционира во Кисела Вода.

Целата прва петорка на ТФТ постигна двоцифрен број поени, а најмногу од сите Хортон – 20.

Во утрешното финале закажано за 19:30 часот, ТФТ ќе се соочи со поуспешниот од вечерашниот натпревар МЗТ Скопје Аеродром – Феникс (19:30 часот).

Претходно, во женското финале ќе играат Кам Баскет и Бадел.

Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ се игра во СРЦ „Кале во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2022 04:01