Водечкиот тим во источната конференција во НБА лигата Чикаго ја забележа шестата победа во серија, откако синоќа на домашен терен ја совлада Атланта со 112 – 108, предводен од Демар Дерозан, кој постигна 37 поени.
Денвер на гостински терен го совлада Сакраменто со 128 – 110, предводен од Србинот Никола Јокиќ, кој за една асистенција остана покус за трипл – дабл ефект, завршувајќи го натпреварот со 25 поени и 12 скокови.
Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:
Сакраменто – Денвер 110-128
Чикаго – Атланта 112-108
Оклахома – Феникс 104=124
Портланд – Голден стејт 95-132
Детроит – Кливленд 1-6=103
Бостон – Бруклин 129-106
Мемфис – Минесота 114-119.