Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс не е многу засегнат од негодувањата на навивачите на „езерџиите“ поради слабите игри на тимот кој важеше за еден од фаворитите за највисок пласман.
Лејкерс вчера загубија од Њу Орлеанс (95:123), а поразот предизвика исвиркувања од домашната публика за Вестбрук и соиграчите.
– Дали ќе размислувам за тоа дома? Не, имам три прекрасни деца и жена дома. Дефинитивно нема да мислам на навивачите. Тие што не исвиркаа нека мислат дома. Воопшто не се грижам за тоа. Тоа не ми значи ништо, изјави Вестбрук на прес-конференцијата по мечот со Њу Орлеанс.
По 60 одиграни натпревари Лејкерс имаат биланс 27 победи и 33 порази за во моментов 9. место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата.