Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, по поразот од Минесота (114:129) ноќеска во Минеаполис, призна дека е загрижен поради прекинот во комуникацијата меѓу неговите избраници.
– За прв пат почувствував дека врската меѓу нашите играчи е прекината и ова треба да биде исклучок наместо правило. Ова е најважно за мене кога е во прашање иднината на тимот. Видов недостаток на поврзаност во сЕ. Тоа не е нешто опипливо, туку чувство и енергија, колективен дух. Не ми се допадна енергијата и тимскиот дух кој го презентиравме денес, изјави Кер.
Вориорс загубија три од последните четири натпревари.
По 62 одиграни натпревара, Голден стејт има биланс 43 победи и 19 порази за во моментов второ место во Западната конференција од НБА-лигата. з