Ѕвездата на Бруклин, Кевин Дурант ќе се врати од повредата на гостувањето кај Мајами. Натпреварот е закажан за 1.30 часот по полноќ.

Дурант ги повреди лигаментите на коленото во средината на јануари и оттогаш е надвор од терените.

Кошаркарот оваа сезона има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции по натпревар.

За време на отсуството на нивниот лидер, Бруклин наиде на тешкотии и падна на осмото место на табелата во Источната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 12:16