Завршниот турнир од кошаркарската Евролига ќе се одржи во Белград од 19 до 21 мај.

Раководството на Евролигата го пресели годинешниот Ф4 од Берлин во Белград.

Одлучувачките натпревари во сезоната во Евролигата ќе се одиграат од 19 до 21 мај во „Штарк арената“.

Настанот за прв пат ќе се одржи за од четврток до сабота.

„Фајнл-форот“ првично требаше да се одржи од 27 до 29 мај во Берлин, но поради ситуацијата со КОВИД-19 и можните ограничувања, беше донесена одлука за преместување на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 14:35