Водечкиот тим во западната конференција во НБА лигата Феникс синоќа во драматичен натпревар го совлада Њујорк со 115-114, нанесувајќи им го на гостите седмиот пораз во серија.

Феникс во последната четвртина беше во резултатска негатива од 14 поени, но успеа да се врати и да забележи триумф со тројката на Кемерон Џонсон во последната секунда од натпреварот. Џонсон натпреварот го заврши со 38 поени.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Феникс – Њујорк 115-114, Торонто – Орландо 97-103, Денвер – Хјустон 116-101, Њу Орлеанс – Јута 124-90, Оклахома – Минесота 101-138, Детроит – Индијана 111-106, Филаделфија – Кливленд 125-119, Вашингтон – Атланта 114-117, Чикаго – Милвоки 112-118, Торонто – Орландо 97-103, Денвер – Хјустон 116-101.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2022 14:49