Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерси, Леброн Џејмс изутрина постави нов личен рекорд оваа сезона со 56 поени во победата над Голден Стејт со 124:116.

Триесет и седумгодишниот Џејмс во „Cripto.com Arena“ реализираше 19 од 31 од поле, 6 од 11 за тројка, 12 од 13 од линијата за слободни фрлања, а забележа и 10 скока, 3 асистенции, 1 блокада и 4 загубени топки за 38,5 минути.

Леброн постигна 50+ поени по 13-ти пат во кариерата во натпревар од регуларниот дел од сезоната. Најдобар резултат во кариерата – 61 поен има во дресот на Мајами во 2014 година во меч против Шарлот.

Лејкерс ја прекинаа серијата од четири порази и со биланс 28 победи и 35 загубени средби се на 9. место во Западната конференција од НБА-лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2022 12:16