Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром одбележува 56 години од своето формирање.

Клубот од Аеродром е основан во 1966 година, од група ентузијасти, предводени од првиот претседател Миле Меловски, под името Кошаркарски клуб Скопје.

– Оттогаш, во нашите витрини завршија шест титули во македонската кошаркарска лига во рамките на СФР Југославија, осум шампионски „прстени“ во самостојна Македонија и десет трофеи од Купот на Македонија. Период во кој низ сино-белиот дрес минаа стотици репрезентативци, илјадници кошаркари од сите возрасти, а зад нив секогаш стоела – армија верни навивачи. Години во кои постојано растевме, за во изминативе децении да станеме синоним за македонската кошарка, со настапи во Еврокупот и АБА-натпреварувањата, објави МЗТ Скопје на својата официјална веб-страница.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2022 02:35