Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович влезе во историјата на НБА, откако неговиот тим ноќеска ја совлада Јута во натпреварот од регуларната сезона во НБА со 104:102.

Со оваа победа, главниот тренер на Спарс, Грег Попович, стана водечки тренер на сите времиња во историјата на НБА.

Седумдесет и тригодишниот Американец го доби својот 1336-ти првенствен натпревар и го помина Дон Нелсон (1335). Рекордот на победи го држеше Нелсон од април 2010 година.

Грег Попович е петкратен НБА шампион, кој го води Сан Антонио од 1996 година. Спарс се единствениот тим во кој кошаркарскиот стручњак работел како главен тренер во НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2022 14:50